По состојбата во која утрово се најде Скопје Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ најави дека од денеска ѓубрето од контејнерите во Скопје ќе го собира до 21 часот. Од средата, кога беше воведен полициски час од 16 до 5 часот наутро, ѓубрето се собираше само во една сменa
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека поради состојбата на терен направен е нов режим на работа и од денеска контејнерите ќе се празнат од 5 до 21 часот.
Очигледно е дека состојбата е алармантна бидејки Скопје и после 9 часа од престанокот на полицискиот час се уште е затрупано во ѓубре