Веќе некое време светот се справува со Ковид-19, невидлив непријател кој за миг успеа да ни го промени животот од корен. Прочитајте како компанијата Support Signal успеа да ги заштити своите вработени, истовремено барајќи нови кандидати кои ќе станат дел од тимот во Скопје!
Ковид-19 е сериозен предизвик со глобални размери. Додека вирусот е штетен по здравјето на луѓето, последиците од пандемијата дефинитивно ќе влијаат на нивниот општествен и економски статус. На удар се и компаниите бидејќи се приморани да ги прилагодат своите работни процеси на новата ситуација и да обезбедат неопходни заштитни мерки за своите вработени. Наеднаш, примарната цел на бизнисите од “успешно работење” се промени во “луѓето пред се”, а општествената одговорност доби нова димензија.
За една таква општествено одговорна компанија зборуваме и ние денеска. Support Signal е млада и амбициозна компанија која обезбедува кориснички и продажни услуги за клиенти од целиот свет. Свесни за последиците од Ковид-19 врз здравјето на луѓето, како компанија која секогаш се грижела да им обезбеди добри услови за работа и напредок на своите вработени, Support Signal во најбрз можен рок донесе неколку одлуки во рамките на канцеларијата и тие почнуваа и завршуваа со иста точка – здравјетo и грижата на вработениот.
Најпрво, на голем дел од вработените во Support Signal, чии работни обврски го дозволуваат тоа, им беше овозможено да работат од дома. На тој начин, компанијата го намали бројот на луѓе кои се во канцеларија.
Станете дел од Support Signal:
Агент за продажба со познавање на Англиски јазик
Агент за продажба со познавање на Германски јазик
Агент за продажба со познавање на Шпански јазик
За останатите вработени кои беше неизбежно да ги вршат своите работни задачи од своето работно место компанијата воведе специјален протокол со цел заштита на нивното здравје. Во прв план, тоа значи одржување на растојание од најмалку 2 метри и задолжително носење на заштитни ракавици и маски.
Во следниот период, компанијата внимателно ќе ги следи мерките и препораките на надлежните и согласно нив ќе постапува во насока на дополнителна заштита на своите вработени.
Преземените мерки покажуваат дека Support Signal е јасен пример за тоа како една компанија може да продолжи со работа доколку целосно го исполни условот за заштита на вработените и со тоа го спречи загрозувањето на нивната лична финансиска егзистенција.
Дополнително, компанијата е целосно посветена на разработување на план за проширување на дејноста која во прв ред ќе ја стави потребата од нови вработени.