Милијардерите со Силиконската долина донираат големи износи за помош и справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Business Insider направи листа на најбогатите од технолошкиот сектор и колку секој од нив донирал за справување со пандемијата.
Прв на листата е Џек Дорси, основачот на Twitter, кој минатата недела најави дека од неговото богатство, проценето на 3,89 милијарди долари, ќе донира една милијарда.
Најбогатиот човек на планетата, според Forbes, Џеф Безос донира 100 милиони долари за непрофитна организација што функционира како банка за храна во САД.
Исто толку пари, 100 милиони долари, одвојуваат сопружниците Бил и Мелинда Гејтс.
Најскромен во донирањето, е основачот на Facebook, Марк Цукерберг. Од неговото богатство од 65 милијарди долари, одвојува само 25 милиони долари за Therapeutics Accelerator, основан од фондацијата на Гејтс, Wellcome и Mastercard.