Основачот на Microsoft, Бил Гејтс уште пред неколку години предупредуваше за евентуална пандемија, што би можела да остави длабоки последици во светот, но многумина не го сфаќаа сериозно.
Неговата сопруга во неодамнешен разговор за BBC, Мелинда Гејтс зборувала за актуелната ситуација и рекла дека таа заедно со нејзиниот сопруг уште пред тој јавно да зборува и да предупредува на опасноста, многу често разговарале за вируси, можности за пандемии и водење биолошки војни.
Двојката, исто така, размислувала и околу тоа што ќе се случи во иднина доколку нема доволно храна и вода. Иако се надевале дека нема да доживеат нешто такви, тие одлучиле да се подготват за такво сценарио, пишува Business Insider.
Семејството Гејтс веќе имало подготвено доволно залихи на храна многу пред да започне пандемијата.
“Подготвивме и имаме храна во подрумот во случај да затреба и сега сме во таква ситуација“, рекла Мелинда. Таа е свесна дека болеста е закана за сите, но вели дека е свесна за нивната ситуација и колку се привилегирани во однос на многу други луѓе кои се борат да преживеат.
Додека бил Бил дете, во подрумот од семејната куќа имале подготвени конзерви со храна и вода, но тогаш тие залихи не биле поради страв од вирус, туку од нуклеарна војна.