Германија е сè уште на почетокот на пандемијата и ќе мора да живее со тоа некое време, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Не сме во завршна фаза на пандемија, туку на почетокот. Добивме време и ќе го искористиме за зајакнување на германскиот здравствен систем, рече Меркел во долниот дом на Бундестагот, пренесува Ројтерс.
Таа исто така рече дека Светската здравствена организација е неопходен партнер за Германија и дека ќе ја поддржи работата на организацијата.
Пандемијата може да се победи само на глобално ниво, заклучи Меркел.