Превозниците во понеделник или вторник ќе одржат протест пред Владата поради зголемената акциза на горивата, која е донесена со цел да се зголемат буџетските средства заради справувањето со корона епидемијата. Возачите ќе го искажат своето незадоволство од кабините на транспортерите, затоа што не се дозволени јавни собири поради мерките на заштита, а нема да има ниту целосно застанување пред локациите.
“По соопштението на владата за покачување на акцизата за горивата, огромен е револтот кај сите ВАС кои се најдовте на ветрометина, од една страна не можете да искористите некои од пакетите за помош донесени од Влада, а од друга страна некој решил и одлучил дека имате премногу средства и донесе т.н. антикризна мерка која директно ќе удри по вашите џебови и тоа се до крајот на 2020 година.
Со цел да одговориме на се поголемите радикални барања за да се преземат соодветни мерки и да се организира протест, пред се би сакале да нагласиме, дека Макам-транс сте вие сите членките, а ние кои сме вработени во асоцијацијата извршуваме работи кои се во ваш интерес и за ваша помош и поддршка, но силата и целата снага е во ВАС и ВАШАТА СЛОГА“, објави Макам-Транс, здружението на превозниците.
Прочитајте повеќе на Фактор.мк