Hадоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице се продолжува врз основа на наодот и мислењето од надлежната комисија за време на траење на вонредната состојба.
Владата донесе мерки со кои дополнително се олеснува пристапот до правото на гарантирана минимална помош за сиромашните семејства. Со дополнувањата, се овозможува покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и во месеците од април до септември 2020 година.
Надоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице се продолжува врз основа на наодот и мислењето од надлежната комисија за време на траење на вонредната состојба, како и два месеца од денот на престанок на вонредната состојба, соопшти Владата.
Воедно, се овозможува стручните лица даватели на јавни услуги, вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели, да вршат стручна работа во дејноста социјална заштита за време на траење на вонредната состојба, се вели во соопштението.