Доставата е стабилна и постојана - вработените се комплетно заштитени
Ковид-19 го промени начинот на работење во голем број компании. НЕЛТ СТ, како една од најголемите компании за дистрибуција и логистика во Македонија и на Балканот, не остана имуна на овие промени. Но како една од клучните компании која има своја одговорност пред потрошувачите и не смее да застане со достава - брзинатата на прилагодување била неопходна, а одговорноста наречена навремена достава - клучна.
Она што првично било направено е сите вработени кои спаѓаат во некоја од ризичните категории, веднаш по добивање на насоките од надлежните здравствени власти, престанале да доаѓаат на работа. Дополнително била направена реорганизација на работењето. Сите оние чии работни обврски не мора да се одвиваат во деловните простории на компанијата веќе работат од дома со што е намалена фрекфенцијата на движење и интеракцијата меѓу вработените. Обезбедена е заштитна опрема (маски, ракавици, средства за дезинфекција) за вработените, редовно се дезинфицираат возилата, се дезинфицираат и приватните и службените возила што влегуваат во кругот на команијата и се контролира движењето според препораките.
Сите простории се дезинфицираат меѓу двете работни смени, задолжително пред влез во НЕЛТ се мери температура на секое лице и се дозволува влез во кругот на компанијата само на лица со заштитна опрема, односно маска и ракавици.
Го реорганизиравме работното време, за некои позиции според времетраењето на полицискиот час, за други во две смени со скратен број на часови на тој начин овозможувајќи минимизирање на ризикот, но и непречено одвивање на работниот процес - велат од НЕЛТ.
-И најважно од се, е тоа што како компанија, чија главна дејност е дистрибуција и логистика, продолживме со континуирано и непречено одвивање на нашиот деловен процес што всушност е неопходно со оглед на интензивираната потреба од снабдување со намирници. Оттука НЕЛТ ги уверуваат сите потрошувачи дека доставата до продажните објекти е стабилна и постојана, а истовремено се комплетно фокусирани на целосна заштита на своите вработени.
НЕЛТ подеднакво се грижат и за соработниците со кои секојдневно се во контакт, па како компанија обезбедиле 1700 визири кои се дистрибуирани до вработените низ продажните објекти кои ги снабдува НЕЛТ. Со тоа ја шират идејата за заедничко добро и грижа за здравјето на најблиските соработници. При доставата, прва е насмевката за поздрав, а потоа, предвидената дистанца со комплетната заштита и без групирање при течење на работниот процес.
Во вакви ситуации дополнително целиот процес може да го отежне и стравот и неизвесноста, но и паниката кај вработените, а во НЕЛТ токму тоа е најголемиот предизвик - да се остане смирен и прибран во ваква ситуација. За тоа одговорните секогаш се држат до Отворено и транспаренто информирање со информации од проверен извор.
-Постојано сме во комуникација со надлежните органи, со кои се консултираме пред да донесеме било каква одлука во оваа вонредна состојба. Секогаш на прво место е заштитата на здравјето на нашите вработени при носење на овие одлуки.
Од НЕЛТ сметаат дека ова е време на солидарност и заедништво кои ни даваат утеха и надеж. Токму затоа НЕЛТ донираше 20 000 евра, уплатени на посебната донаторска сметка што ја отвори Министерството за здравство, со цел да ја искажат благодарност кон здравствените работници и да помогнат во нивните напори за зачувување на здравјето на сите.