Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.
Една од опциите достапна за корисниците е можноста за пријавување на состојбата на водомерите од дома. На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација, преку оваа опција достапна за физички и за правни лица, имате можност да ја пријавите состојбата на вашите водомери во период од 10-ти до 16-ти секој месец.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.
Доколку, сепак имате потреба да за посета, истото можете да го направите, во Дирекција, каде шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот. За таа цел и со цел заштита во ширењето на коронавирусот, задолжително носете маска, држете растојание, не се групирајте и следете ги сите препораки издадени од Министерството за Здравство.