ЕВН Македонија воведе нова услуга за онлајн пријавување на состојба на броило, со што отсега корисниците ќе можат сами да ги испратат до ЕВН податоците за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа од нивното броило и врз основа на овие податоци да добијат фактура за електрична енергија.
Тоа се прави со кликање на овој линк:https://evnonline.mk/payment/meterdata
При читање на сопственото броило, корисниците треба најпрво да се уверат дали го гледаат нивното броило, а тоа се прави со споредба на серискиот број на броилото од фактурата со тој на самото броило.
Понатаму, за точно запишување на состојбите, во зависност од моделот на броило, корисникот на evnonline.mk може да погледне детално упатство за читање на броилото.
Многу е важно корисниците да бидат внимателни при споредба на вредностите за потрошувачка од доставената фактура со моменталните состојби од броилото.