Вработените во министерствата, државните институции, општините и јавните претпријатија и овој месец нема да одат на работа бидејќи ќе го користат ланскиот годишен одмор.
Владата на почетокот на април донесе Уредба со која вработените во јавната администрација неискористениот дел од годишниот одмор од 2019 година, наместо до 30 јуни треба да го искористат до 31 мај, а дел од одморот за 2020 да го искористат до крај на јуни. Повеќе од месец и половина дома седеа скоро сите, а не само тие што беа ослободени затоа што имаат деца до 10 години и нема кој да им ги чува. Но, иако не одеа на работа поради мерките и препораките на Владата да се работи од дома за да нема групирање, сега ги запишуваат старите годишни одмори и не се враќаат на работа.
Целиот текст прочитајте го на sdk.mk