Француската влада денеска соопшти дека границите на земјата ќе останат затворени најмалку до 15 јуни во согласност со режимот воведен за борба против ширењето на новиот коронавирус, јавуваат светските агенции.
„Границите ќе останат затворени до понатамошно известување. Одлучивме да ги продолжиме ограничувањата што постојат досега, барем до 15 јуни“, рече францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер