После укинувањето на Вонредната состојба во Србија Д-р Дарија Кисиќ Тепавшевиќ која е дел од тамошниот кризен штаб за справување со КОВИД-19 во едно гостување на национала телевизија зборуваше за тоа како треба да се однесуваат граѓаните но се осврна и на нешто многу важно.Зошто треба да се избегнуваат трговските центри.
Општите мерки, како што се миењето на рацете и социјалното растојание, сè уште се многу важни.
- Сега секој треба да направи свои правила, проценки на ризик. Сега знаеме што работи, што спасува животи, а потоа постапуваме соодветно. Ние сме во период од годината кога воопшто има помалку и помалку инфекции кои се пренесуваат по капков пат. Одиме во сезоната на цревни заразни заболувања, векторски заболувања а инфекции кои се пренесуваат со капки се враќаат во есен и зима, но не знаеме дали ќе се појави вирусот корона. Тоа сигурно нема да биде во ваква форма, но сега сигурно сме подготвени за тоа и од аспект на знаење, како можеме да го спречиме и третираме - потенцира таа.
Таа рече дека не се очекуваат изненадувања во наредниот период но не треба да одиме во трговски центри како порано- само за да одиме и се осврна и на ширењето на вирусот со вклучување климатизери.
- Во трговските центри не се препорачува да се вклучи централниот климатизација затоа што е забележано дека овие капки може да се одржат во воздух подолго во вакви услови. Меѓутоа, кога сме дома, тоа е ограничено домаќинство каде постојано сме во сме во близок контакт меѓусебно . И климата не е изворот на пренесување на инфекцијата “, објасни таа.
Таа потсети дека е неопходно да се има близок контакт со лицето кое е резервоар на инфекција и дека тој контакт треба да трае најмалку 15 минути, за да може да се заразиме.
- Сега кога времето е топло, вирусот паѓа на земја побрзо и неговата активност ослабе- Заклучи докторката Дарија Кисиќ Тепавшевиќ,која е дел од кризниот штаб на борба со КОВИД-19 во Србија