Долги редици пред шалтерите за вадење на лични документи кај полициската станица „Беко“ во Скопје.
Дел од присутните чекаат ред за поднесување документи за патна исправа, а други за лични карти. Она што остава впечаток е дека повеќето од присутните се обидуваат да ја почитуваат социјалната дистанца, но некои не носат заштитна маска или ракавици.