
Комисијата за заштита од заразни болести сè уште не разговарала за олеснување на превентивните мерки воведени за заштита од ширењето на вирусот Ковид-19.
Според извори од комисијата, големиот број заразени лица утврдени денеска ја натера Комисијата да го одложи олеснувањето на мерките. Следната средба е утре.
Како што претходно објавивме, во последниве 24 часа се утврдени 22 нови случаи на Ковид-19, од изработени 145 тестови.
Од нив, во Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.
Здравствените власти, како што е најавено, препораките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (денеска и утре) за состојбата со епидемијата.