Smart Debt Collection Agency е млада компанија на македонскиот пазар која нуди широк спектар на услуги почнувајќи од управување со ризик, па се до наплата на заостанати обврски и управување со средства. Иако се нови на пазарот во Македонија, кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот не ги запре на патот од нивниот равој - „И покрај вонредната состојба во овој период имавме вработувања затоа што ние како нова компанија имаме тенденција да се развиваме секој ден“, вели Букурие Бислими Абдулаху, управител на компанијата. Кои се Smart Debt Collection Agency и како тие се справуваат со последиците од кризата?
Ние нудиме персонализирани услуги засновани врз нашата стручност што ја поседува нашиот тим со долгогодишно искуство во областа на задоцнето плаќање на обврските со повеќе од 75 професионалци во Албанија, Косово, Србија и од 2020 година и во Северна Македонија. Нашата услуга за наплата на долговите се заснова на мотото "No Collect - No Fee", ја добиваме нашата провизија во моментот кога вие ќе ги добиете средствата од должникот на вашата банкарска сметка. Ние нудиме високо квалитетни услуги по разумни цени.
Кои се мерките кои ги преземавте како компанија за заштита на здравјето на вашите вработени?
Уште од самиот почеток на оваа пандемија секој наш вработен е обврзан да ги следи и почитува мерките и препораките од надлежните институции. Здравјето на нашите вработени е најважно и затоа секогаш обрнуваме особено внимание на оваа тема од повеќе аспекти меѓу кои и со редовни здравствени прегледи.
Како ја донесовте одлуката (имавте ли како компанија однапред подготвена стратегија за дејство во вонредна состојба или тоа го направивте сега)?
Искрено никој не очекуваше вакво нешто и затоа сметам дека ретко која компанија имаше подготвена стратегија за ова.
Што е она што го преземате за заштита на вашите вработени?
Редовното одржување на хигиената во објектот и постојаната употреба на средствата за дезинфекција.
Кој е најголемиот предизвик со кој се соочивте деновиве?
Во овој период предизвиците за секоја компанија се огромни и исклучително сериозни. Предизвик за Smart Debt Collection Agency во овој период беше организирањето на работните задачи од дома со цел да не се запре работниот процес. На овој начин се обидовме персоналот да не се плаши од губење нa работните места. И покрај вонредната состојба во овој период имавме вработувања затоа што ние како нова компанија имаме тенденција да се развиваме секој ден.
Какви се вашите предвидувања во однос падот на профитот на компанијата и кои се вашите планови за минимизирање на загубите?
Ние сме во првата година од основањето на компанијата и не можеме да направиме споредби со минатата година. Како и да е, предвидувањата се тешки, но ние имаме своja стратегиja и програма што ни гарантира позитивна клима за да ги постигнеме нашите цели.
Што е она што вие лично го преземате за да ги смирите и мотивирате вработените во вонредна состојба?
Комуникација, грижа, посветеност, човечност, разбирање и целосна исплата за трудот и ангажманот.
Што би додале како поддршка или продолжение на нашиот слоган "во вонредна одговорни"?
Одговорни кон себе, кон нашите најблиски и постарите, нашите соседи, колеги, пријатели и нашите најмлади. Одговорни за личното и колективното здравје. Само со одговорен и сериозен пристап може да излеземе од оваа сериозна состојба.