Градот Виена ќе доделува ваучер од 50 евра по домаќинство кои ќе ги трошат во угостителските објекти.
Сите домаќиства од средината на јуни ќе добијат ваучер од 50 евра, најави градоначалникот Михаел Лудвиг.
Вели дека сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од по 50 евра, а оние кои со еден член по 25 евра. Тие ќе можат да се искористат до крајот на септември во рестораните и кафулињата кои учествуваат во таа акција.
Единствено, ваучерите нема да можат да се користат за плаќање алкохолни пијалаци.
Градските власти за ова ќе издвојат 40 милиони евра.