„Работните обврски си течеа непрекинато, но она што на сите најмногу ни недостигаше беше дружбата со колегите. Сега се враќаме посилни и помотивирани!“
Тимот на Kaiser Marketing, компанија од маркетинг секторот која нуди услуги на германскот пазар, ни го сподели своето искуство за враќањето назад во канцеларија по принудната работа од дома за време на пандемијата.
Свесни за ризикот и со намера да ги заштитат своите вработени и нивното здравје, беа меѓу првите компании кои организираа работа од дома за најголем дел од тимот.
„Беше предизвик да се организираме и навикнеме на работа од дома, но успеавме, благодарение на брзата адаптибилност на тимот. Нашиот бизнис не трпи застој, мора да се прилагодиме на секакви промени. Работните обврски си течеа непрекинато, но она што на сите најмногу ни недостигаше беше дружбата со колегите. Сега се враќаме посилни и помотивирани! И секако, максимално внимаваме и ги почитуваме мерките.“ – велат од Kaiser Marketing.
Вработените во компанијата седат на пропишаната дистанца, секојдневно се врши целосна дезинфекција на објектот, а задолжително е носење заштитни маски и ракавици во текот на целиот работен ден.
Имаш познавање од германски јазик – стани дел од тимот на Kaiser Marketing
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА