Во соопштението стои:
Станува збор за можност за добивање на средства од подмерката „финансиска поддршка за порибителен материјал“. За оваа мерка може да конкурираат сите кои од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадавување на рибниците. Средствата од оваа мерка се исплаќаат скалесто и тоа:
- за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок над 7500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.
Корисници на мерката финансиска поддршка за порибителен материјал, се сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 - декември 2020 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. За добивање на средства за набавен подмладок, корисници може да бидат сите субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 - декември 2020 година. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени во Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2020 година.
Можност за добивање на финансиска поддршка им се дава и на сите кои имаат риболовни води под концесија и во периодот од 1-ви ноември 2019 до 20 –ти март годинава, направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите во време на природен мрест утврден во риболовната основа и имаат донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води.
Целото соопштение можете да го прочитате ТУКА.