А1 Македонија е компанија која е водена од тимскиот дух, а вработените и нивниот развој се секогаш на прво место. Ви ја претставуваме Светлана Мисајловска, експерт во одделот за човечки ресурси во А1 Македонија, дипломиран психолог, која веќе долги години ја гради кариерата во компанијата. Иако 17 години е член на големото А1 семејство, сепак , нејзиниот мотив, енергија и посветеност се пример за професионален однос кон работата и животната професија. Слободното време го користи за читање и професионална надградба, а пешачењето е секојдневната активност која и носи големо задоволство. Овој пат со Светлана разговараме за новата програма лансирана во рамките на А1 “Менторство” која има за цел подобрување на професионалниот и личниот развој на вработените преку заемно учење на две лица, т.е. на менторот и учесникот.
Во А1 Македонија и Одделот за човечки ресурси работите долги години, се промени ли почетничкиот ентузијазам или остана ист?
Овие денови навршуваат 17 години откако сум во компанијата. Едноставно компанијата завзема голем дел од моето јас, таа е ентитет на кој сум му посветена и со кој се идентификувам. Ако некој ја фали компанијата се радувам и ја добива мојата наклоност, обратно ако ја критикува се љутам и реагирам. Критиките како да се однесуваат на мене лично. Тоа чувство не ме напушта од самиот почеток. Секако професионално растев како што растеше компанијата и можноста што ја добив постојано да се усовршувам и да напредувам го зголемуваше моето задоволство во текот на сите овие години.
Почнува нова програма за вработените – Менторство. Што претставува таа и кои се нејзини главни карактеристики?
Во многуте проекти наменети за развој на вработените оваа година ја планиравме и ја воведуваме програмата за Менторството која всушност е облик на партнерство, т.е. однос на заемно учење помеѓу две лица (ментор и учесник) кои меѓусебно си помагаат во подобрување на професионалниот и личниот развој, а којшто бара посветеност на двете страни. Целта на менторинг програмата е да му обезбеди структурирана програма за менторство на учесникот во текот на која поискусен вработен (ментор) со своето искуство и знаење ќе му помогне да се соочи со разни предизвици во моменти кога тоа му е потребно. Се работи за програма во текот на која менторот и учесникот го развиваат својот однос, а таа програма е најуспешна кога е насочена според потребите, целите и предизвиците на личноста која се менторира.
Програмата за менторство може да трае одреден временски период во зависност од потребите на учесникот и заедничкиот договор (се препорачува најмногу да трае една година, а може и пократко, зависно од потребите). Учесникот е целосно одговорен за воспоставување на програмата за менторство и нејзино спроведување, што доведува до поголема посветеност и подобар личен и професионален развој. Односот треба да се заснова врз заемна доверба и почит, а успехот на менторството зависи од ангажираноста на обете страни.
Кои се придобивките од оваа програма?
Придобивките за менторот и учесникот се огромни. Менторството е едно од позитивните исксуства на секој ментор, бидејќи може да научи нешто ново, да ги развива раководствените вештини, има можност да ја прошири мрежата на колеги во рамки на организацијата, и секако, се стекнува со признание за придонес кон развојот на организациските способности и поттикнување на култура за ширење на знаење и искуства со останатите колеги.
Од друга страна пак учесникот добива дополнителна мотивација и ангажман активно да учествува во стекнување нови знаења и искуства, да ги препознае областите за развој и јасно да го пренесе она што сака да го постигне со програмата за менторство, на што би сакал да работи, кои му се целите и очекувањата, и го вложува своето време, енергија и труд во учење на нешто ново.
Кои се главните фази на програмата менторство и како можат колегите да се пријават?
Разликуваме 6 фази на А1 менторинг процесот. Постапка на поврзување на менторот и учесникот од страна на Одделот People & Culture , кој ја координира постапката, иницирање менторски однос – проверка на очекувањата, подготовка за менторинг процесот, прв состанок (дефинирање на целите), континуирани состаноци и последен состанок.
Сите заинтересирани колеги за оваа програма можат да се пријават за А1 менторство преку интерната страница на А1 Македонија, Insajder, а можам да кажам дека за само 1 недела од лансирањето, веќе имаме преку 20 пријавени колеги за ментори или учесници.