Сопственикот на модниот гигант „Зара“ планира да затвори 1.200 продавници ширум светот. „Индитекс“, најголемиот светски продавач на облека, го најави затворањето откако извести дека паднала продажбата во првиот квартал поради пандемијата на коронавирус.
Компанијата, која поседува модни брендови межу кои се Zara, Massimo Dutti и Pull & Bear, има речиси 7.500 продажни места во 96 земји.
Затворањето на продавниците е дел од новата стратегија на шпанската компанија вредна 4,5 милијарди долари, која ќе инвестира во нови технологии со цел на клиентите да им го олесни купувањето преку интернет.