Важна информација од Агенцијата за вработување!
Агенцијата за вработување на Република Македонија ги известува сите невработени лица дека се уште е запрено редовното пријавување на 30 дена односно 6 месеци (вклучувајќи ги и корисниците на паричен надоместок и корисниците на социјална парична помош, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата и истото ќе биде оправдано.
Дополнително, агенцијата ќе извести кога ќе продолжи редовното пријавување, и тоа преку смс пораки до невработените лица, на веб страницата и преку социјалните медиуми.
Лицата на кои им престанал работниот однос, како и оние лица кои за првпат сакаат да се евидентираат како невработени лица, може да се пријават во надлежните Центри за вработување.