Шведскиот производител на камиони „Волво“ (Групацијата „Волво“) објави дека планира да скрати 4.100 работни места во светот во втората половина од годинава, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот што влијаеше на активностите на таа компанија.
Епидемијата на коронавирусот и мерките преземени на глобално ниво против вирусот имаат сериозни последици за активностите во нашиот сектор, рече Мартин Лундстет, извршен директор на компанијата.
Според него, работните места ќе бидат укинати, претежно во администрацијата, од кои 1.250 во Шведска.
На крајот на март, Волво имаше околу 99.000 вработени ширум светот.