Не постои универзален пат за постигнување на успех, ниту правила што ригидно треба да се почитуваат за да се дојде до одредена сума на пари што ќе овозможи комфорно живеење.
Сепак, во светот постојат најразлични искуства на луѓе кои успеале да се збогатат. Еден од нив е Нејтан Латка, кој ја напишал книгата Како да бидеш капиталист без било каков капитал (How to be a capitalist without any capital), во којашто споделил неколку необични совети за тоа како може да се стекне богатство.
Латка се потпира на своето искуства и се навраќа на времето кога на сметка имал само 110 долари кога основал софтверска компанија, што пет години подоцна надмина вредност од 10,5 милиони долари.
Неговите совети се малку чудни, но сепак го привлекуваат вниманието.
Не се фокусирајте само на една работа
Според него, ако слепо го следите советот дека треба да станете експерт во една област, тоа може да биде осудено на неуспех.
“Не можете да градите богатство само околу една работа, бидејќи ако тоа не успее, вие ќе пропаднете“, порачува Латка.
Тој смета дека сите претприемачи треба да се водат по правилото 80 – 20, а тоа значи 80% од времето да се посвети на поголемиот проект, а останатите 20% на преостанатите.
Копирајте ја конкуренција
“Смислувањето нови или неверојатни идеи не значи пат кон богатството. Клучот е во ‘копирање’ на другите, со тоа што ќе дадете некој ваш личен печат“, смета Латка.
Не поставувајте цели
Ако една цел биде поставена, а потоа и остварена, човекот, според Латка, веќе ќе нема кон што да се стреми и за кратко ќе му здодее она што го прави.
“Многу е подобро ако секој ден работите по нешто што постојано ќе ве радува или изненадува“, смета тој.