„Microsoft“ објавува нова алатка за враќање на избришани документи, а станува збор за „Windows File Recovery“ што е алатка дизајнирана да помага во спасување на документи кои се избришани по грешка.
Станува збор за алатка која на корисниците ќе им помогне во враќање на избришани фајлови од хард дискови, „USB“ датотеки, па дури и од SD картички од камери, но документите кои се чуваат онлајн, не се подржани.
Како и во било која друга алатка за враќање на податоци, неопходно е „Windows File Recovery“ да се употреби во што пократок рок од бришењето на документот, за да се биде сигурно дека загрозените фајлови нема да исчезнат засекогаш.
Со помош на новото помагало, корисниците, ќе можат да враќаат „MP3“ фајлови, „MP4“ видео содржини, „PDF“ документи, „JPEG“ фотографии, како и „Word“, „Excel“ и „PowerPoint“ документи.