Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, светот се преврти наопаку и веќе ништо не е сигурно. Многу луѓе се отпуштени од работа, им се намалија платите или работат во потполно неочекувани околности.
Како да ја држите вашата кариера под контрола во овој период?
Иако ова може да ви изгледа како најлошо време за градење кариера и за нови можности, реалноста може да биде уште подобра. Борбата, неочекуваните околности и неизвесноста исто така можат да го отворат патот за нови можности ако ги следите овие совети:
1. Останете фокусирани на иднината
Сите ние сакаме да работиме со луѓе кои се оптимисти и енергични, а тоа е особено важно во тешки времиња како што се овие. Покрај тоа, едно истражување открило дека луѓето кои се повеќе оптимистички настроени се исто така поуспешни и се чувствуваат позадоволни од својата работа, но и дека доживуваат помалку стрес. Дозволете си да бидете исплашени или несигурни, но сепак најдете начин да продолжите понатаму и да останете позитивни. Тоа ќе биде добро за вас, за вашата работа, но и за оние околу вас.
2. Бидете иницијатор и понудете помош
Неизвесноста во работното опкружување може да ги намали стандардните граници помеѓу деловните позиции и да создаде идеални можности за напредок во кариерата. Понудете им помош на колегите, но покажете дека сакате да придонесувате во областите кои не се ваш интерес. Можеби некои колеги работат помалку затоа што треба да се грижат за своите деца и вие можете да му помогнете во нивните задачи. Или, пак, можеби вашата компанија решава нови проблеми поврзани со предизвиците предизвикани од коронавирусот и вашите вештини можат да придонесат во комплетно нови области. Наместо само да чекате упатства, размислете како можете да помогнете и да ги искористите своите таленти и вештини за нови работни задачи.
3. Решете ги новите проблеми и воведете иновации
Вашата компанија веројатно ќе се соочи со нови проблеми, како за клиентите, така и за вработените. Во овие времиња, секоја работа е различна на некој начин затоа што контекстот на сè е значително променет. Затоа, мислете! Во услови на голема неизвесност, се раѓаат нови идеи, нови начини на размислување и неочекувани решенија. Искористете го вашето креативно размислување за решавање на проблемите што ги има вашата компанија.
Бидете тимски играч. Кога се под стрес, некои луѓе не можат да дадат сè од себе и можеби имаат помалку трпеливост и се вознемирени. Тоа може да му се случи секому, така што треба да ја искористите можноста да покажете колегијалност.
4. Пронајдете начини за изразување емпатија
Без разлика дали го охрабрувате колегата чиј партнер неодамна бил отпуштен од работа или му помагате да ја совлада новата технологија за видео-конференции, бидете одличен тимски играч. Вашиот став и придонес се важни за вашето искуство, но и за искуството на оние околу вас.
5. Бидете флексибилни
Бидете подготвени да пробате нови работи. Со појавата на новите проблеми, најверојатно ќе треба да придонесете и во други области. Гледајте на тоа како на можност за напредување и за надоградување на вашите вештини. Вашата флексибилност ќе ѝ биде од корист на вашата организација, но и на вашата кариера.
6. Издржете
Останете силни, продолжете понатаму и фокусирајте се на долг рок. Лесно е да бидете позитивни или флексибилни на краток рок, но останете такви и постојано покажувајте решителност. Упорноста во соочувањето со тешкотиите е клучна за вашиот личен успех, но и за успехот на вашата компанија.
Бидете позитивни, преземете иницијатива, бидете иновативни, бидете тимски играч и бидете флексибилни. Фокусирајте се на иднината и бидете силни, а тоа веројатно ќе ви се исплати не само за вашата кариера, туку и за вашиот душевен мир.