Германските љубители на автомобили почнаа интерсна петиција со која бараат враќање на возилата на Лада на пазарот на таа земја.
Петицијата е почната со поддршка од локалниот дистрибутер, компанијата Лада Дојчланд, а објавена е на страницата https://weact.campact.de/.
Потписниците се обраќаат до произведувачот на Лада, АвтоВАЗ, и корпорацијата Рено Нисан Мицуниши во чија сопственост е руската компанија.
Исто така, петицијата е упатена и на адресите на германското министерство за економски развој и руската амбасада во Берлин.
Иницијаторите на петицијата сметаат дека Лада мора да се врати во Европа бидејќи „нуди широк избор на специфични модели кои, пред сѐ, се достапни на сите, а веќе околу 40 години имаат обожаватели и постојан број купувачи во Германија и во ЕУ“.
Лада се повлече од пазарот на ЕУ во мај 2019 година, а испораката на автомобили беше прекината. Лада Дојчланд изрази жалење поради таквата одлука на АвтоВАЗ.
За илустрација, лада веста СВ крос со 1,6-литарски бензинец со 102 коњски сили во Германија чинеше од 17.800 евра.