Станувањето рано наутро за некого може да биде обична рутина, но има и такви кои едвај се одвојуваат од креветот кога треба да станат наутро. Експертите уверуваат дека луѓето кои стануваат свежи, имаат повеќе енергија и елан за да ги завршат сите обврски во текот на денот, од оние кои се мамурни и тешко стануваат рано.
Ако ви е тешка “разделбата“ со креветот наутро, тогаш послушајте ги овие совети
Заборавете го копчето snooze
Ако алармот ви е најголемиот непријател наутро, тогаш размислете што би правеле без него. Постојано би доцнеле, никогаш не би стигнале навреме на состанок со клиентите, би оставиле впечаток на несериозна и личност во која не треба да се има доверба… Затоа, немојте да посегнувате по snooze копчето и заборавете на фразата – уште пет минути и ќе станам.
Вечерни ритуали за полесен сон
Бидете подобро организирани кога станува збор за активностите што ги имате во вечерните часови. Експертите советуваат да не правите нешто што би ве вознемирило или од што би ви било тешко еден час пред да заспиете. Наместо да се релаксирате со мобилниот телефон или телевизија, уживајте во топла бања, релаксирачка музика, добра книга… Практикувајте ги овие навики пред спиење и тоа правете го во скоро идентично време секоја вечер.
“Затворете му ја вратата“ од спалната соба на стресот
Иако стресот стана секојдневие, сепак обидете се на природен начин да се ослободите од стресот. Така ќе си обезбедите мирен сон што ќе ви биде доволен за да се разбудите наутро наспани и подготвени за сите предизвици што ги носи денот. Вежбајте, совладајте ја техниката на дишење, обидете се да се смирите пред да заспиете. Нека ви биде удобно во креветот каде што спиете и утрото ќе го дочекате со насмевка. Немојте да јадете тешка и зачинета храна или не пијте кофеин пред спиење.
Поставувајте си “кратки“ цели
Ако ви е тешко станувањето наутро, тогаш поставете си некоја цел или причина поради која би ви било драго да станете наутро. Мирисот на утринското кафе, туш со миризлива купка, прошетка до работа, разговор со колегите… сите овие работи би можеле да бидат “кратки“ цели што би ве “станале“ од кревет без посебен проблем.