Денес сè повеќе работодавци во потрагата за добар работник не практикуваат стандарден разговор за работа, па затоа ќе ви треба повеќе од добро CV. Имено, многумина за време на интервјуто применуваат трикови кои се толку едноставни, а кандидатот не сфаќа дека тоа е тест. Дури и ако ви понудат кафе, тоа може да биде трик, а еве на што сè треба да обрнете внимание при разговорот за работа.
Кафето ви е понудено со причина
Во последно време многу работодавци го применуваат овој трик. На почеток на интервјуто го прашуваат кандидатот дали сака кафе, а на крајот од разговорот следат што ќе направи кандидатот со шолјата – дали ќе праша каде да ја остави и понуди да ја измие или само ќе ја остават на масата. Овој трик за работодавците открива каков карактер и манири има кандидатот и колку брзо кандидатот ќе се вклопи во тимот.
Намерно ве остава да чекате
Ако состанокот е закажан во девет часот, а вие сте дошле 10 минути порано, нормално е да ве замолат да почекате 10 минути. Но, ако тоа се повтори, па мора да чекате уште 10 минути, па уште 15, тогаш ве тестираат. Овој трик треба да покаже колку е кандидатот емотивно стабилен во стресна ситуација и колку ја сака работата за која конкурирал.
Изненадно викање
Подигнување на гласот е начин работодавецот да види како реагирате на стресни ситуации. Во овој случај најдобро е да останете мирен и да одговарате со мирен тон.
Чудни барања
На интервју може да побараат да скокнете преку прозор. Во овој случај работодавецот сака да утврди како размислувате во необични ситуации. Најдобро што можете да направите е да прашате “каква корист ќе има компанијата од тоа“.
Чудно однесување
Работодавецот може да ве игнорира и да гледа во телефон или компјутер. Со овој трик сака да види на кој начин ќе го привлечете неговото внимание.