Претпоставувам, драг читателу, дека те интересира како може да станеш богат. Така започнуваат “Тајните на најголемите богати луѓе во светот“, кои ги открива Сем Вилкин, по внимателно повеќегодишно истражување на најбогатите луѓе во светот. Вилкин, 41-годишен економски теоретичар, работи како консултант за Oxford Analytica, која обезбедува советодавни услуги на владите во повеќе од 50 држави.
Во светот има 1.826 милијардери кои сочинуваат еден процент од населението. Вилкин со години ги проучувал махинациите и деловните потези на супер богатите и тврди дека ги открил тајните за тоа како тие го добиле своето богатство.
Како може некој да стане милијардер? Добрата вест, вели Вилкс, е дека сè станува полесно, пред сè заради растот на финансискиот сектор и појавата на нови пазари.
Иако неколку фактори се важни за стекнување богатство, Вилкс верува дека два се клучни – уништување на конкуренцијата и вложување туѓи пари, а не сопствени. Најдобрите сектори за заработка денес се фармацевтската индустрија и технологијата, но Вилкс има уште еден совет – започнете бизнис каде никој друг не сака да работи.
“Најдоброто место за работа е всушност најлошото“, вели тој, додавајќи дека најдобар пример е Роман Абрамович, кој започна бизнис во комунистичка Русија.
До 2004 година Москва имаше повеќе милијардери од Њујорк, а денес ги има најмногу во економиите на земјите со најголем економски раст – Кина, Мексико, Бразил и Индија.
Но, за да станете богати и уште побогати, не само што е доволно да знаете што да правите, туку и личноста игра голема улога. “Најбогатите се немилосрдни, имаат натпреварувачки дух. Мора да бидете подготвени да направите сè што е потребно за да бидете победник, заклучува Вилкс.
Како да станете богат?
– Прво изберете место каде што би можеле да го преземете монополот на пазарот – така мексиканскиот милијардер Карлос Слим, кој од 2010 до 2013 година беше најбогатиот човек на светот, ја презеде контролата над целосните телекомуникации во Мексико.
– Проширете го бизнисот што е можно побрзо – Аmazon на тој начин успеа да привлече инвеститори кои буквално “истураа“ пари во компанијата.
– Најлошото место за започнување бизнис е всушност најдоброто – полесно е да се доминира во растечките пазари и каде што конкуренцијата е помала.
– Ризикувајте и вложувајте средства на други луѓе – сторете сè што можете за да привлечете инвеститори и потоа коцкајте се со нивните пари.
– За да се збогатите мора да имате своја компанија и да бидете мнозински сопственик.