
Пандемијата предизвикана од Ковид-19 неминовно ги погоди сите индустрии и компании. За да им излезе во пресрет, Владата во екот на пандемијата им понуди пакет мерки и државна помош на македонските компании. Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен или 50% од трошоците за придонеси.
Ги прашавме корисниците на нашиот сајт за мислење на темата Дали доделената државна помош за компаниите беше доволна и соодветна? Најголем дел од испитаниците (38%) одговориле дека сметаат дека оваа помош не е доволна.
12% сметаат дека овие мерки биле доволни и соодветни, а исто толку се изјасниле дека оваа тема не ги засега.
Погледнете ги целосните резултати од анкетата:
Она што е следно на vrabotuvanje.com е нова анкета која гласи: Од каде најчесто потекнува негативната и лоша слика за компаниите?
За да го дадете Вашето мислење, кликнете на ЛИНКОТ.