Kaiser Marketing е пример за млада и успешна компанија, која постојано го развива и надоградува својот тим, составен претежно од млади и амбициозни, љубезни Call center агенти кои нудат маркетинг услуги на германскиот пазар.
Еден од нив е и Миљаим Криезиу, кој работи како Call center агент од самото основање на компанијата, кое се случи пред нешто повеќе од една година.
За неговите почетоци, очекувања, искуство, надоградба во Kaiser Marketing ни раскажа во неколку кратки одговори:
Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Kaiser Marketing, како дознавте за можноста за вработување во компанијата и кои беа вашите првични очекувања во врска со работата?
За слободната позиција за Call Center агент дознав преку оглас за вработување. Искрено, на почетокот моите очекувања беа помали од ова што го добив во Kaiser Marketing. Најпрвин, се стекнав со големи привилегии и знаења, стекнав искуство за работа на меѓународен пазар и најважно, стекнав одлични колеги со кои е задоволство да се работи.
Зошто е добро да се работи во Kaiser Marketing?
Меѓу другото што го наведов претходно, поради стекнување на искуство, усовршување во ораторство, поради добра организираност и секако, прекрасниот тим на работно место.
Како изгледа работниот ден на еден агент во кол центар?
Да се биде Call Center агент значи постојана работа со клиенти како и достапност за клиентите во секое време. Целиот мој работен ден се состои од комуникација со клиенти. Бројот на повици е неопределен и различен, нема фиксен број на повици. Зависно од ситуацијата работиме самостојно или во тим.
Сигурно оваа работа носи комуникација и справување со многу различни луѓе и предизвици. Како ги решавате ситуациите со „тешките клиенти“?
Тешките ситуации со клиентите ги решаваме пред се со отворена комуникација, флексибилност како и со големо разбирање на потребите на клиентот. Таквиот пристап секогаш носи решение со кое и двете страни ќе бидат задоволни.
Дали и што се промени во вашето работење по пандемијата со Ковид-19?
Конкретно во нашата работа нема измени, ние секако работиме на дистанца и комуницираме со клиентите преку повици. Имаме поголеми мерки на претпазливост во тимот и во нашите простории, но секој од нас ги почитува и за среќа се е во најдобар ред.
Кажете ни нешто повеќе за Kaiser Marketing како работодавач. Како компанијата се грижи за своите вработени?
Грижата за вработените во Kaiser Marketing e на високо ниво. Вработените примаат плата редовно, компанијата се грижи за нивната удобност во фирмата, имаме дополнителна мотивација со бонуси, имаме определено и фиксно работно време без прекувремена работа, со чести паузи. Менаџментот секогаш излегува во пресрет за секој проблем на вработениот.
Што би им порачале на кандидатите кои се заинтересирани да ви се приклучат во тимот?
На сите кои размислуваат да ни се придружат во тимот би им порачал да не ја пропуштат шансата , и секој што е заинтересиран и има квалификации, односно зборува германски јазик може да дојде и да проба.
Имаш познавање од германски јазик – стани дел од тимот на Kaiser Marketing