Може ли курс да замени факултет?
Google неодамна објави вест што може радикално да ја промени иднината на вработувањето и високото образование.
Технолошкиот гигант започнува професионални курсеви чија цел е целосно ќе ги обучи студентите да работат во ИТ индустријата. И тоа за шест месеци.
Овие курсеви, кои од компанијата ги нарекуваат Google Career Certificate, учат основни вештини кои ќе им помогнат на луѓето веднаш да најдат работа, а предвидено е да траат околу шест месеци.
„Факултетите се недостапни за многу Американци, а не мора да имате факултет за да имате економска сигурност. Потребни ни се нови, достапни решенија за обука за работа за да и помогнеме на Америка да се опорави и да се обнови. Кога ќе вработуваме кај нас, овие нови сертификати ќе ги третираме како еквивалент на четиригодишна факултетска диплома за сродни занимања", пишува Кент Вокер, виш потпретседател за глобални работи во Google.
Google не прецизираше колку точно ќе чинат новите курсеви, но слична програма понудена од компанијата на онлајн платформата за учење Coursera чини 49 долари месечно. По таа цена, шестмесечен курс би чинел нешто помалку од 300 УСД.
Покрај тоа, Google соопшти дека ќе финансира 100.000 стипендии според потребите.
Овој потег на респектабилна компанија како што е Google има голем потенцијал да ја промени иднината на образованието и работата.
Добијте сертификат, најдете работа
Една од главните критики за високото образование низ годините е дека универзитетите не ги учат студентите на потребните вештини за работното место на вистински начин и ги оставаат во долгови со години додека се борат да ги отплатат студентските заеми (пред се во Америка).
Спротивно на тоа, Google тврди дека нивните курсеви, што би чинело дел од традиционалното универзитетско образование, ќе ги подготват студентите веднаш да најдат работа во областите со високи плати.
Трите нови програми што ги нуди Google, заедно со просечната годишна плата за секоја позиција (според Google), се: Data Analyst (93 000 УСД), Project Menager (66 000 УСД) и UX Designer (75 000 УСД).
„Лансирана во 2018 година, програмата за IT сертификат од Google стана најпопуларниот сертификат на Coursera и илјадници луѓе најдоа новa работa и ја зголемија заработката по завршувањето на курсот“, вели Вокер.
По завршувањето на програмата, Google ветува поддршка во процесот за наоѓање работа.
Може ли курс да замени факултет?
Многумина ќе изразат загриженост дека голем дел од работодавците нема да ја ценат програмата за сертификати на Google и дека матурантите веројатно нема да се вработат во Google
И тоа е вистина. Клучот на програмата на Google е да станете привлечни на пазарот на трудот и да добиете поддршка од компаниите што мислат исто како Google кога станува збор за образованието.
И многумина веќе го сторија тоа. На пример, Google воспостави конзорциум од над 50 работодавци кои можат да ангажираат дипломци на програмата на Google и ги покани дипломците директно да ги споделат своите информации со споменатите работодавци.
Некои од работодавците кои учествуваат се: Walmart, Intel, Sprint, Bank of America, PNC, Best Buy, H&R Block, Hulu, Infosys, Sam’s Club.
Google тврди дека нејзините сертификати се „дизајнирани да им помагаат на луѓето да најдат работа во која било компанија, во кој било сектор“. Компанијата во моментов ги поканува работодавачите од сите големини со различни потреби за вработување да аплицираат за присуство на конзорциумот.