Како работодавач сигурно сте се нашле во ситуација при изборот на кандидати за вработување да побарате писмо со препорака од поранешен работодавач или од вас било побарано да напишете такво писмо. За пишување на писмо на препораки потребно е да се држите до неколку правила.
Писмена препорака бара форма
Прво и најважно е да се држиме до формата. Без оглед на кого ќе напишете препорака, писмото мора да содржи вовед, централен дел и заклучок.
Започнете го воведниот дел со своја презентација. Наведете кој сте, каде работите, каква позиција имате и колку и на кој начин сте работеле со кандидатот. Во централниот дел, посветете му се на самиот кандидат. Наведете ги неговите квалитети и обидете се да ги поткрепите со пример од пракса. Во никој случај не е препорачливо да се извртуваат фактите во препораките. Сè што ќе напишете мора да биде вистинито и вашето искрено мислење за кандидатот.
Затоа, пишувањето писмо за препорака не е само чиста формалност или услуга за поранешен колега, туку сериозна задача што може да го олесни изборот на идниот работодавец меѓу кандидатите, исто како што може да ви помогне еден ден доколку се најдете во истата ситуација.
Во последниот дел, или заклучокот, можете да презентирате свој став зошто мислите дека овој кандидат ќе биде вистински избор за идниот работодавач.
Како да се опише кандидатот?
Во делот од писмото во кое ги наведете карактеристиките на кандидатот, може да ги сортирате по важност. Професионалните квалитети секако се на прво место. Во овој дел можете да ги наведете сите карактеристики на кандидатот поврзани со работата што ја работел во вашата компанија, со какви вештини се справува, како работи во тимот, дали има лидерски одлики, дали доцнел на работа и слично. Следат специфични вештини како што се познавање на странски јазици, одредени компјутерски алатки и слично. Во овој дел можете да ги наведете и неговите лични, човечки квалитети.
Кандидатот може да добие дополнителни поени во интервјуто за ново работно место доколку во препорачното писмо ги наведете и неговите достигнувања на претходното работно место. Обавезно наведете го успехот на некој проект или идеја.