Невработен човек се пријавил на конкурс во Microsoft за работна позиција чистач на купатила. Директорот на HR секторот го примил на разговор и после спроведување на краткиот тест му рекол:
"Примени сте. Оставете ми ваш е-мејл како би можел да ви пратам договор и список на вашите работни задачи"
Човекот му рекол дека нема сопствен е-мејл. Директорот на тоа одговорил:
"Во тој случај, жал ми е, но ако немате е-мејл адреса тоа значи дека не постоите, па поради тоа не би можел да ве примам на позицијата"
Разорачан, човекот излегол од седиштето на Microsoft. Со само 10 долари во својот џеб се упатил накај супермаркет и купил 10 килограми јагоди.
За кратко време, успеал да ги продаде сите јагоди идејќи од врата до врата, притоа дуплирајќи го својот капитал на крајот од денот. Изненаден и со ентузијазам, човекот ја повторувал истата постапка и наредните денови успевал да се врати дома со 60 долари. За кратко време човекот купил количка како би можел да носи поголема количина на јагоди, а после некое време количката ја заменил со камионче. Во рок од една година купил моторно возило, а за 5 години станал сопственик на една од најголемите мрежи за дистрибуција на намирници во САД.
После години работење и мислејќи на иднината на својата фамилија, се одлучил да го осигура својот живот. Повикал брокер како би ја потпишал полисата за осигурување. Брокерот на крај му побарал е-мајл адреса како би можел да му испрати примерок од полисата. Човекот му рекол дека нема е-мајл адреса.
Баш чудно. Немате е-мајл адреса, но сте успеале да направите империја. Замислите каде би биле доколку сте имале, рекол брокерот.
Човекот се замислил и одговорил..."Би чистел вециња во Microsfot".