Истражувачи од Универзитетот Monash во Австралија и Универзитетот Granada во Шпанија, сакале да го најдат времето од денот кога човекот најдобро ги завршува когнитивните задачи. Тие откриле дека тоа е на средината од работниот ден.
Во истражувањето биле анализирани половина милион тестови направени од студенти во Велика Британија во три различни периоди од денот: во 9 часот наутро, во 13:30 часот и во 16:30 часот. Според резултатите, најдобрите тестови биле направени во 13:30 часот.
Како што објаснуваат научниците, продуктивноста е поврзана со нашиот внатрешен часовник кој му помага на телото да претпостави кога ќе изгрее сонцето, а со тоа му сигнализира на мозокот да биде активен и кога ќе зајде, кажувајќи му на мозокот дека е време за спиење. Има периоди кога телото треба да се одмори и кога треба да биде будно и активно.