Среќните вработени се далеку попродуктивни од луѓето кои се незадоволни на своето работно место.
Реалноста е дека секоја работа е напорна, а стресови на работното место секогаш ќе има. Па, затоа најважно е да се пронајде рамнотежа помеѓу тие работни притисоци и приватниот живот.
Една од најкорисните лекции што ја научија водечките светски компании е дека пријатната работна средина е тоа што ги инспирира вработените. Компаниите како Google и Apple одамна го пронајдоа клучот за успех.
Равенката е следна:
Среќни вработени значи лојални вработени. Лојални вработени значи продуктивен тим, а продуктивен тим значи успешен бизнис!
Се прашувате како да го постигнете ова? Со создавање на добра работна средина.
Зошто да создадете добра работна средина?
Одговорот е едноставен: Таквата средина е клучна за бизнисот!
Во продолжените прочитајте зошто е тоа така:
- Среќните вработени се успешни вработени.
Вработените кои уживаат во својата работа се посреќни и поуспешни. - Намалувањето на стресот ја зголемува продуктивноста
Елиминирањето на стресот и грижата може да доведе до моментално зголемување на продуктивноста. - Позитивната работна средина поттикнува преземање ризици
Бизнисот не постои за да се игра безбедно. Среќните вработени имаат поголема веројатност да преземат пресметани ризици и со тоа да и донесат напредок на компанијата. - Среќните вработени се поддржуваат едни со други
Позитивните и целосно ангажирани вработени се повеќе подготвени да ги поддржат своите соработници и да дадат позитивна поддршка и охрабрување за групни проекти. - Не постои страв од правење грешки
Грешките можат да бидат моќна алатка за учење што може да доведе до невиден успех. Работниците кои се несреќни на своето работно место се плашат да направат грешка и со тоа ги пропуштаат важните можности за учење.
На крај се сведува на тоа дека луѓето едноставно сакаат да работат со среќни луѓе.
Среќните работници кои се повеќе подготвени да работат заедно за општо добро, поверојатно е да ја поттикнат лојалноста на компанијата и поверојатно е да сакаат да го охрабрат градењето на силен тим што е од витално значење за успехот на компанијата.