
Исланд е на првото место на ранг листата на најдобрите земји за живот по пензионирањето, пренесува Блумберг.
Според студијата на француската инвестициска банка Натиксис, Швајцарија е на второ место, а Норвешка на трето.
Во првите пет се и Ирска и Холандија.
Авторите на студијата го оценуваа нивото на благосостојба и финансиска сигурност на пензионерите во 44 земји, користејќи 18 различни индикатори, групирани во четири категории: здравство, финансии, материјална благосостојба и квалитет на живот.
Експертите потенцираат дека довербата во мирниот живот на пензионерите е загрозена од пандемијата, бидејќи се зголемија социјалните, економските и финансиските ризици, како и здравствената несигурност.