Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во НЛБ Банка!
НЛБ Банка АД Скопје е водечка банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Северна Македонија.
Зошто НЛБ Банка?
НЛБ Банка е одлично место за работа за сите кои се заинтересирани да ја започнат својата банкарска кариера во една од најголемите банкарски институции во Македонија!
НЛБ Банка АД Скопје е лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги, својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
За крај, во НЛБ Банка ве очекува богата бенефициска програма и поволности кои би ги добиле како вработен/а во компанијата.
Дознајте за можностите за вработување во НЛБ Банка!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на НЛБ Банка на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.