Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Кроациа Осигурување!
Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 134 години, што претставува обврска за постојана инвестиција во квалитетот на производте и услугите, но исто така и во квалитетот на работењето.
Максимално внимание посветуваме на едукација на нашиот тим и уште повнимателно го избираме секој вработен кој е дел од истиот. Работејќи на развојот на компетенции на вработените и вложувајќи во развојот на нивните вештини успеавме да изградиме тим на професионалци во сите области од работењето.
Наша интенција е да секоја година воведуваме нова програма за лојалност и бенефиции за вработените, која ќе овозможи дефинирани привилегии за сите, систем на наградување, но и чувство на припадност на сите како значаен дел од тимот.
Како е да се биде дел од Кроациа Осигурување?
Јас сум Ивана Милошевска Цинцароска и сум вработена во Кроациа Осигурување Живот речиси две години. Бидејќи немав искуство во осигурителниот сектор, одлуката да започнам нова професија и нова кариера во сосема непознато поле беѓе храбар чекор за мене, што сега се покажува како правилен избор. Во Кроациа започнав на позиција советник за животно осигурување, потоа за само 6 месеци го добив првото, а по една година и второто унапредување, за сега да сум на позиција ВИП советник. Компанијата не само што им дава шанса на сите со ентузијазам и желба за работа, туку вложува во своите вработени и им овозможува кариерен раст и развој. Тука сум своја, опкружена со позитивина енергија и професионалци од кои секојдневно може да се научи нешто ново. Со задоволство ги прифаќам сите предзвици и убедена сум дека ова е само почеток на мојата кариера во најдобрата осигурителна компанија на пазарот.
Ивана Милошовска Цинцароска – ВИП Советник за продажба на животно осигурување
Во светот на осигурувањето сум повеќе од 2 децеии, а како дел од семејството на Кроациа Осигурување Живот 4 години. Започнав како советник за животно осигурување, а за бидете успешни во било каков потфат, мора да имате дефинирана цел. Мора да имате точно дефинирани планови за постигнување на таа цел. Целта ме однесе од советник за животно осигурување до финансиски советник за ВИП клиенти. И тука не застанав! Комуникацијата со луѓе ме направи и добар слушател, да можам длабоко да разберам некое друго човечко битие врз основа на единечен критериум! Координатор за наплата и грижа на корисници. И имам уште скали за искачување, можност која токму Кроациа Осигурување Живот ми го нуди. Ти Благодарам Кроациа Осигурување Живот што сум дел од тебе!
Наталија Славкова - Координатор за наплата и грижа на корисници
Сакате да станете дел од Кроациа Осигрување?
Доколку сте заинтересирани за условите за работа, активните огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Кроациа Осигурување на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.