Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во Телеперформанс Скопје!
Телеперформанс Скопје, претставништво на најголемата глобална компанија за кориснички услуги која за само една година стигна до 200 вработени, ги отвора вратите за нови кандидати, познавачи на германскиот јазик, кои се спремни да зачекорат во најдоброто место за работа во светот!
Овојпат, тоа го прави виртуелно на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој од 07. до 14. октомври ќе можете да го посетите на линкот и да дојдете на штандот на Телеперформанс каде ве очекуваат понуди за работа и претставници од компанијата кои преку чет ќе ви одговорат на сите ваши прашања.
Единствениот услов кој треба да го исполнувате е добро да го познавате германскиот јазик (минимум Б2 ниво). За техничките работи и сите други активности поврзани со работата ќе ве обучи компанијата преку соодветна обука за која добивате цела плата. Немате искуство? Не е никаков проблем бидејќи до вас ќе стојат вашите ментори. Звучи супер, зарем не?
Започнете кариера во Телеперформанс
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, активните огласи за вработување и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Телеперформанс Скопје на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.