Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во Magna International!
Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти за 58 производители на возила меѓу кои Aston Martin, BMW, Daimler AG, Ford, Geely, General Motors, Honda, Hyundai, Kia, Mazda, Mitsubishi, PSA Group, Renault-Nissan, Subaru, Suzuki, Tata Motors, Toyota, Volkswagen, Volvo, итн.. Компанијата Магна дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти и е единствениот добавувач на автомобилски делови кој истовремено и склопува комплетни возила.
Кариера во Magna International
Magna International Inc. e со седиште во Аурора, Онтарио, Канада, формирана е во 1957 година и денес е најголемиот производител на автомобилски делови во Северна Америка според обемот на продажба на оригинални делови. Компанијата има повеќе од 152,000 вработени во 346 фабрики и 93 центри за развој, инженеринг и продажба, на пет континенти, во 28 земји. Новата компанија се наоѓа во Охридско/Струшкиот регион, а првите огласи за вработување може да ги видите на линкот.
Компанијата нуди работни услови по светски стандарди, а доказ за тоа е и престижната награда од 2017 година кога Forbes магазинот ја прогласи Magna International за „Едно од најдобрите места за работа“.
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа во компанијата и активните огласи за вработување, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Magna Internacional на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.