Оние кои не се задоволни со дневниците на Балканот можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе.
Таму, имено, дневницата за берење аспарагус е 150 евра (околу 9.000 денари), работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза.
Во недела не се работи.
Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа.
Сепак, многу е атрактивна за странците, рекол Марио Котурич, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Слободна Далмација.
Од делот на овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година.
Мислењата на интернет форумите се поделени – од воодушевување од брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.
Како недостатоци, најчесто се наведуваат тоа што се работи „по цел ден“ (не е прецизирано), што смештајот е во работни бараки и што обилен оброк чини по 10 евра на ден, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час.