Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година
Врз основа на член 49 став 1 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 248/20), и член 2 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/20), Министерството за образование и наука распишува
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година
Министерството за образование и наука за студиската 2020/2021 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:
а) Прва група – 1.470 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија;
б) Втора група:
- 800 стипендии (732 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 48 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
- 85 стипендии (80 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 5 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;
- 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
в) Трета група:
– 500 стипендии (480 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.
- 100 стипендии запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
- 40 стипендии на студиите по хемија,
- 30 стипендии на студиите по физика,
- 30 стипендии на студиите по математика.
г) Четврта група:
– 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни студенти;
2. да не повторувале година во текот на студирањето;
3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
4. да се државјани на Република Северна Македонија.
Критeриуми за доделување на стипендиите се:
а) Прва група - стипендии за студенти од социјални категории
1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2020/2021 година за сите студиски програми.
2. За критериумот материјални можности на студентите и нивните семејства, се земаат вкупните месечни примања по член на семејство на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управата за јавни приходи како земјоделска дејност, стопанска дејност, авторски права, издавање на простор и други приходи) во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика.
3. Студентите кои до 18 години биле без родители и родителска грижа, студентите кои се категоризирани како лица со посебни потреби, студенти - деца на самохран родител, студенти-деца на корисници на социјална помош и студенти - деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија добиваат дополнителни 10 бодови.
5. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
6. Документите на студентите, кои ќе освојат 0 бодови по основ на критериумот материјални можности (прикажани во точката 2 на оваа група), нема да се разгледуваат.
7. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование.
8. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите.
б) Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето
1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2020/2021 година за сите студиски програми.
2. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 90% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само еден испит помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.
4. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование добиваат дополнителни 10 бодови.
5. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите.
в) Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки
1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2020/2021 година.
2. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.
4. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование добиваат дополнителни 10 бодови.
5. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите.
Г) Четврта група – стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование:
1. Успехот во учењето, односно успехот остварен во текот на средното образование
2. По основ на користење на стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 13.11.2020 до 30.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните:
1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2020/2021 година;
3. Уверение за положени испити од претходните години;
4. Заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавен на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk
5. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
- За вработените членови на семејството- потврди за остварена плата за месец септември 2020 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата)
- За пензионираните членови на семејството - документ за висина на пензија – чек;
- За разведени родители - доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
- За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
- За инвалидитет- наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој
- За браќа/сестри на кандидатот кои се ученици/студенти се доставува потврда од училиштето- односно факултетот или друга институција.
6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;
7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;
8. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk .
9. Фотокопија од индексот (опционално, доколку студентот поседува).
Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи (од бр.1 - бр.9), додека студентите кои се пријавуваат за стипендија од втората и третата група ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9 ). Кандидатите од четврта група ги доставуваат документите под реден број 1,2,4, 6, 7, 8, 9, како и свидетелства од сите години од средното образование и договор за стипендија за талентирани ученици склучен со Министерството за образование и наука. Студентите – тутори, треба да достават како доказ известувањето од Министерството за образование и наука за вклученост во Програмата за тутори.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/16), ќе ги обезбеди следните документи:
-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
-статус за членовите на потесното семејство на кандидати, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
-за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
-за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
IV. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:
Доставената документација е ненавремено доставена.
V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 21.12.2020 година на веб-страницата на Министерството.
VI. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ
Висината на стипендијата за Прва група - стипендии за студенти од социјални категории изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9,00 просечен успех изнесува 4.400,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9,00 на студиските програми по информатика, за студентите кои се запишани на студиските програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика изнесува 18.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Четврта група - стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година
Студентот кој конкурирал за два или повеќе групи на стипендии и ги исполнил условите за добивање, му се доделува стипендијата според приоритетот кој го направил во евидентниот лист.
Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
Потребни документи:
1. Евидентен лист
2. Заверен образец “УППИ”
3. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија
4. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава
5.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство
Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 29 јануари 2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.