Натписот над шанкот е јасен - секој разговор за вирусот корона и сè што е поврзан со него е строго забранет.
Менаџерката на мал бар во римско предградие сака да им даде на своите гости пауза од глобалната пандемија и да уживата во кафето.„За вирусот се зборуваше со месеци, па затоа решивме да ја разубавиме атмосферата“, вели Кристина Матиоли, менаџер на бар, со име „Фелинг“.
Италија беше првата европска земја погодена од пандемијата и претрпе најдолг и најстрог карантин. По неколку пријатни летни недели, кога животот речиси се врати во нормала, пандемијата повторно доминира во сè.
„Не станува збор за состојба на негирање или не разбирање на она што нè опкружува, но ние едноставно сакаме да направиме пауза“, рече Матиоли.
Повеќето од гостите реагираа позитивно на забраната. „Полни сме со ковиди, не можеме повеќе да издржиме, каде и да одиме, сите само зборуваат за тоа. Среќна сум што можам да зборувам за што било друго “, вели еден редовен гостин во кафулето.Вирусот корона , сепак е присутен и таму. Средства за дезинфекција има на масите, а маски носи секој што не јаде или пие. Барот мора да се затвори во 18 часот според владиниот декрет за сузбивање на ширењето на вирусот.
Матиоли дури им понуди и табли со теми за разговор, кои се закачени на ѕидовите,од историја до култура.
И што ако разговорот сепак се сврти на забранета тема?
„Нема санкции, но им го покажувам натписот“, се смее Матиоли (35).
И се чини дека има успех. Нови гости почнаа да доаѓаат кај неа кои слушнале за барот а каде што не се разговара за короната.
„Сопственикот на кафуле во Трентино, во северна Италија, постави сличен натпис, но прво побара дозвола од мене“, додава таа гордо.