Министерството за економија соопшти дека сите возила со странски регистарски таблички, кои заклучно со 1. октомври влегле на територијата на Република Македонија, ќе може да се регистрираат во следната година со 50% намалени трошоци.
„Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи“, објавија од министерството за економија.
извор: tv21.tv