Славниот Бади Валастро, попознат како експерт за торти, доживеал несреќа на куглање во која раката му била сериозно повредена, а сега открил дека е доведена во прашање неговата понатамошна иднина во слаткарството.
Бади се повредил кога се обидел да го одглави механизмот што запрел, а кој проработел во тој момент. Неговата рака се заглавила и не можел да ја извлече, па механизмот трипати му ги смачкал прстите, додека работниците ја запреле машината.
Валастро бил опериран по трет пат, го чекаат уште неколку операции, а раката е сè уште практично неупотреблива и ќе треба многу време и терапија се додека не ги врати основните моторни функции.
Експертот за торти за магазинот „People“ открил дека се обидува да размислува позитивно, иако на моменти му е исклучително тешко.
„Сè уште се будам ноќе, се препотувам од болки“, признава слаткарот.
Оваа вест ги шокирала сите следбеници на Бади на социјалните мрежи и обожавателите на неговите емисии, во кои тој покажува како изгледа работата во семејната слаткарница и создавање торти со најневеројатен изглед.
По природа весел и оптимист, Валастро им порачал на обожавателите:
“Дури и ако треба да работам со левата рака, дури и да можам да работам само со 30% од капацитетот, ќе дадам се од себе. Времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите”, рекол Бади.
извор:Екран