Граѓаните со дозвола за постојан престој во САД, кои се на пат да станат американски државјани, сега ќе треба да полагаат подолг и покомплексен тест за државјанство, пишува Гласот на Америка.
Граѓаните со дозвола за постојан престој во САД, кои се на пат да станат американски државјани, сега ќе треба да полагаат подолг и покомплексен тест за државјанство, пишува Гласот на Америка.
Секој што ќе аплицира за државјанство по 1 декември 2020 година, ќе мора да полага нова верзија на тестот со 128 прашања во врска со американската историја и влада, наместо досегашните 100.
Полагањето тест за државјанство е последниот услов што граѓаните со право на постојан престој во Америка, носители на т.н. „зелена карта“, треба да го исполнат за да станат американски државјани.
Тестот се полага усно, за време на разговорот за натурализација, што е последната фаза од процесот за добивање државјанство.
Новиот тест ќе бара подобро познавање на англиски јазик, односно познавање на високо средно ниво, во споредба со високото почетно ниво што се бараше досега.
Многу прашања не се променети, некои се преформулирани, а за други ќе биде потребно дополнително објаснување во одговорите.
Некои активисти за правата на имигрантите го критикуваа новиот тест, велејќи дека некои прашања се потешки, без докази дека има потреба од тоа.
Американската служба за државјанство и имиграција (УСЦИС), дел од Секретаријатот за домашна безбедност (ДХС), кој управува со системот за натурализација и имиграција, објави во 2019 година дека ја менува содржината на тестот за нови граѓани за прв пат од 2008 година, потег официјализиран минатата недела.
Ажурирањето и подобрувањето на тестот, за да го направиме актуелен и релевантен, е наша должност како агенции да им помогнеме на потенцијалните нови граѓани целосно да ја разберат важноста на американското државјанство и вредностите што ги обединуваат сите Американци, рече Кен Кучинели, кој тогаш беше ВД директор на УСЦИС.
Сè уште не е познато дали новоизбраниот претседател Џозеф Бајден ќе поништи некои од промените во тестот за државјанство, пишува Гласот на Америка.
Во 2018 година, Фондацијата Вудроу Вилсон откри дека само еден од три родени Американец ќе го положат тестот за државјанство.