Шведскиот производител на мебел Икеа повеќе нема да го изработува годишниот каталог по кој беше многу познат.
Компанијата изјави дека ќе се посвети на онлајн промоција и купување. Тие оценија дека за нив е „емотивна, но рационална одлука достоинствено да завршат со објавување на овој успешен каталог“.
Извршниот директор на Икеа, Конрад Грус, изјави дека ова е природен процес затоа што се променило однесувањето на медиумите и клиентите.
Првиот каталог беше издаден во Шведска во 1951 година, а неговото прво онлајн и дигитално издание беше објавено во 2000 година. На својот пик во 2016 година, тиражот беше 200 милиони и беше објавен на 32 јазици и беше дистрибуиран на 50 пазари.
Икеа сега е целосно фокусирана на дигитална продажба и маркетинг. За време на пандемијата на коронавирусот, до август годинава, нивната продажба преку интернет порасна за 45 проценти. Во овој период, таа исто така забележа четири милијарди посети на својата веб-страница.
Последниот каталог за 2021 година беше објавен во октомври оваа година. Сепак, следната година, ќе биде објавена, како што е наведено, книга што ќе содржи совети за опремување и украсување на куќата, пренесува Си-Ен-Ен.