Нема рокови за тоа до кога граѓаните ќе може да ја потрошат финансиската помош обезбедена со четвртиот сет мерки на Владата, која треба да им биде исплатена на сметките, изјави министерот за економија Крешник Бектеши a пренесе тв21
– Првично беше одредено дека до 25 декември треба да се потроши државната помош која ја додели Владата за различни категории граѓани, за што презентиравме во неколку наврати, но ние веќе донесовме одлука дека нема да има рок. Ние сме убедени дека во текот на оваа недела сите граѓани што се во тие категории ќе ја добијат нивната државна помош откако ќе завршат сите процедури во Министерството за финансии, УЈП и со банките каде што тие ги имаат жиро-сметките. Значи, нема рокови, граѓаните ќе ги добијат тие средства и ќе можат да ги користат тогаш кога ќе бидат најпотребни за нив, рече министерот Бектеши.
Со пакетот помош, по 6.000 денари се опфатени пасивните баратели на работа, пензиониерите со месечни пензии до 15.000 денари, корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, млади од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници. Се проценува дека со мерката за која се издвоени 27 милиони евра, ќе биде обезбедена помош за околу 300.000 граѓани за пазарење домашни производи.
изор :tv21.mk